Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернандез, вели дека екипата не игра на посакуваното ниво но, генерално оди во вистинска насока.
„Ги остваруваме целите кои си ги поставивме. Почнавме да работиме во многу тежок период и ја спасивме сезоната. Мораме да ја направиме нашата игра пријатна за око“ – вели Чави.
„Ние сме на половина пат до враќање на големината на Барса. Треба да го вратиме познатиот сјај“ – вели тренерот на Каталонците.