Чави Ернандез го доби првото „Ел Класико“ како тренер на Барселона и не ја криеше радоста по убедливата победа од 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Тој рече дека во тимот не се зборува за титулата, но се е можно.
„Ова е одличен ден за сите навивачи на Барса. Јас сум тренер на тимот, но и негов навивач. Горд сум на играчите. Можевме да постигнеме повеќе голови. Не очекувавме дека ќе имаме таква предност на нивниот стадион. Тие имаа повеќе време за одмор, а ние во петокот се вративме од Турција. Одигравме фантастично и јас сум многу задоволен. Доминиравме и играчки и резултатски. Заминуваме со насмевка до уши. Не размислуваме за титулата, но ништо не е на одмет. Мора да продолжиме да бидеме скромни и да работиме“, изјави Чави, кој стана првиот тренер на Барселона од Еленио Ерера во 1959 година, триумфирајќи во своето прво „Ел Класико“ во Примера со ваква предност.