Тренерот на Барселона, Чави Ернандез вели дека е задоволен од резултатот, но не и од играта на неговиот тим во победата од 1-0 над Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот. Единствениот гол на „Бернабеу“ го постигна Едер Милитао, кој го погоди сопствениот гол.
„Ги минимизиравме шансите на Реал Мадрид, но не успеавме да ја контролираме топката. Веќе некое време демонстрираме дека знаеме да се играме тешки натпревари и да ги добиеме. Ова е тест против противник од високо ниво. Задоволен сум од резултатот, не толку од играта”, изјави Шпанецот по мечот.
Тој вели дека без разлика на резултатот, се уште е на ставот дека Реал е фаворит и на реваншот.