Поранешната ѕвезда на Барселона Чави Ернандез, актуелен тренер на катарскиот клуб Ал-Сад, е позитивен на коноравирус.
„Резултатот од тестот за коронавирус беше позитивен. За среќа, јас сум во ред, но следејќи го протоколот, ќе бидам во изолација додека не се опоравам. Ќе се вратам на вообичаениот распоред и ќе работам со голема желба веднаш штом лекарите ми дозволат да го сторам тоа. Ве прегнувам сите и ќе се видеиме наскоро на фудбалските терени! “ – напиша Чави на својот профил на Инстаграм .
Да потсетиме, Чави неодамна го продолжи договорот со катарскиот Ал-Сад, кој го води од 2019 година. Договорот содржи опција да му се овозможи на 40-годишниот шпански тренер да замине во Барселона.