Актуелниот предводник на екипата на Ал Сад, Чави Хернандез, се согласил да добие 40 % помала плата додека трае вонредната состојба, пренесува клубот преку социјалните медиуми.
Поранешниот играч од средниот ред на Барселона донесе таква одлука за да помогне во борбата против коронавирусот.
Претходно Чави донираше 1 милион евра за борба против оваа глобална инфекција. Поранешниот легендарен играч од средниот ред на Барселона е на чело на Ал Сад од мај 2019 година.