Тренерот на Барселона, Чави се пожали на состојбата на теренот во Франкфурт, каде вчера Каталонците одграа 1:1 против Ајнтрахт во првото четвртфинале на Лигата на Европа.
„Топката не се движеше. На Камп Ноу се ќе биде поинаку, тревникот ќе биде подобар. Ни треба истата бучна поддршка како што беше на нивниот стадион. Атмосферата беше извонредна. Но, тоа не влијаеше на нас. Тоа не е причината зошто не бевме толку добри како на последните неколку натпревари. Противникот изгради добра дефанзивна игра. Не знаевме како да нападнеме“, изјави Чави.