Новиот тренер на Барселона Чави испрати порака до симпатизерите на тимот. Легендарниот играч за врска на Каталонците во понеделник официјално ќе биде претставен пред навивачите на „Камп Ноу“, по што ќе одржи прес-конференција.
„Почитувани поддржувачи, се враќам дома. Се враќам на местото каде што пораснав. Се враќам во клубот на мојот живот. Немам зборови да ги опишам емоциите што ги чувствувам од можноста да ја одбранам честа на овој амблем, кој е во моето срце. Ќе можам повторно да ги почувствувам вибрациите на Камп Ноу и да ги слушнам скандирањата на големите навивачи на овој клуб“, напиша Чави на Инстаграм.