Тренерот на Барселона Чави го сподели своето мислење за играта на 29-годишниот германски голман во дресот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген, кој синоќа имаше одличен натпревар и не прими гол на мечот со Реал Сосиедад (1:0) во 33. коло од шпанското првенство.
„Тер Штеген е многу важен за мене. Тој е лидер, доминира во играта со нозе – за мене тој е еден од најдобрите голмани во светот“, изјави Чави по натпреварот со Реал Сосиедад.
Тер Штеген има 43 настапи за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, со 13 чисти мрежи, а на останатите прими 52 гола.