Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, по вчерашниот пораз на домашен терен од Реал Мадрид со 4-0 што значеше и елиминација од Купот на Шпанија, вели дека тоа му е еден од најтешките порази во „Ел Класико.
„Навистина боли. Тешко ќе можам да го пребродам поразот. Игравме многу подобро отколку што тоа го покажува резултатот“ – вели тренерот на Каталонците.
„Вториот гол што го примивме едноставно не уби. Мора да признаеме дека одигравме лошо во вториот дел“ – потенцираше Чави.