Поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски има нов ангажман и тоа повторно на Кипар, откако се договори и официјално е претставен како нов стратег на Олимпијакос Никозија.
Чедомир Јаневски е еден од најистакнатите македонски фудбалски тренери со долгогодишно искуство во странство, а својот последен ангажман го имаше токму на Кипар, но поради пандемијата предвреме го раскина договорот со Енозис. Според најавата, Јаневски ќе го води тимот на Олимпијакос Никозија до крајот на актуелната сезона, а за него ова ќе биде трет пат да води тим од Кипар по Енозис и Етникос.
Во тренерската кариера Чедомир Јаневски бил на клупата на белгиските екипи Монс, Беверен, Бриж и Мускрон, како и Црвена Звезда и Вардар, а беше селектор на Македонија во 2013 година.