Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека поради пандемијата со Ковид-19, немало друг избор освен да се одиграат елиминациски турнир за да се спаси сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
„Бевме присилени да организираме такви турнири во кои нема реванши и ќе се игра само во еден град. Според мене, форматот е интересен и се покажа како добар“ – вели Чеферин.
„Гледавме фудбал без многу тактизирање и калкулации, нешто спротивно кога имаме два меча“ –потенцирал првиот човек на европскиот фудбал пред големото финале во ЛШ меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.