Првиот човек на фудбалот во Европа, Александер Чеферин, остава простор дека континеталниот собир во 2021-та може да се игра без присуство на навивачи.
Тој сепак ја отфрли можноста ЕП да се игра во така наречен „балон“ по примерот на НБА бидејќи домаќини треба да бидат 12 градови низ Европа.
„Сигурно е дека не размислуваме за „балон“ а истото го мислам и за Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Сè уште размислуваме дали тоа да биде турнир со навивачи или без нив. Дали да има 30,50,70 проценти пополнет капацитет на стадионите. Иако сакаме ЕП да се одигра во 12 држави, можеме да го организираме и во 11, 10, три или во само една земја“ – изјави Чеферин.

