Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, по кој знае кој пат ја повика ФИФА да се откаже од идејата да има Мундијал на две години откако Џани Инфантино, побара поддршка за идејата од националните федерации.
Тој иако вети дека ќе се генерира дополнителен приход од 4,4 милијарди долари на две години, Европа и Јужна Америка веднаш беа против.
„Имав дискусија со претседателот на ФИФА, не треба да се мешаме во развојот на фудбалот на другите континенти, но, тоа не треба да им наштети на европската и јужно-американската федерација“ – вели Чеферин.

