Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го коментираше контроверзниот пенал за Реал Мадрид на реваншот против Јувентус во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Мајкл Оливер, во судиското надополнување процени дека Меди Бенатиа направил прекршок врз Лукас Васкез и покажа на белата точка. Ситуацијата не можеше да се види преку „VAR“ системот бидејќи не се користи на турнирот. „
Дури и ако имало „VAR“ систем тоа немаше да промени ништо. Има луѓе кои 20 пати ја гледа ситуација а други по 50 пати и сите имаат различно мислење. Бенатија доаѓа до Васкес од задниот дел , му ги става рацете на грб а потоа (високо) го удира во стомакот. Тоа беше пенал“ вели Чеферин. Првиот човек на УЕФА вели дека „ВАР“ технологијата уште не е совршена и најверојатно нема да биде воведена во ЛШ пред сезона 2019/2020.