Откако заврши групната фаза од ново формираното натпреварување на УЕФА, Лигата на нации со свој коментар се јави и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој изрази задоволство од тоа како помина ова натпреварување и со пофални зборови го отцени постоењето на Лигата на нации. Тој истакна дека е презадоволен од тоа како функционира натпреварувањето.
„Заврши првиот дел од новиот проект на УЕФА. Со задоволство можам да кажам дека Лигата на нации ги надмина сите наши очекувања. Поуспешна е од тоа што сите очекувавме“, рече Чеферин.
Секако дека и нашата фудбалска јавност може да се согласи со Александар Чеферин бидејќи и Македонија може да биде задоволна од настапот откако заврши како победник во групата и обезбеди полуфинале каде ќе игра со Косово и со тоа ги задржа шансите за историски пласман на ЕП.