Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, посочи дека нема да има никаков ефект најавениот глобален самит кој в понеделник ќе го организира ФИФА со главна точка – Светско првенство на две години.
„Првиот предлог беше на вонреден Конгрес да се гласа за проектот СП на две години, што ние го одбивме. Сега ќе има 500 и повеќе луѓе на видео-конференцијата на тој глобален самит, но, не очекувам ништо конкретно и суштински. Дури немаме ни агенда за тој самит“ – вели Чеферин.
Претходно УЕФА и КОНМЕБОЛ (Јужна Америка) јавно се спротивставија на предлогот да има Мундијал на секој две години.