Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Чеферин објасни зоштто Ливерпул и Реал Мадрид ќе добијат по само 20000 влезници за финалето во ЛШ
    Фудбал

    Чеферин објасни зоштто Ливерпул и Реал Мадрид ќе добијат по само 20000 влезници за финалето во ЛШ

    risteBy riste11/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Претседателот на УЕФА Александар Чеферин го објасни принципот на распределба на билетите за финалето на Лигата на шампионите, во кое се пласираа Ливерпул и Реал Мадрид.

    Двата тима добиваат по само 19.618 влезници, со оглед на тоа што стадионот има капацитет од 75.000. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази збунетост поради овој факт, а Чеферин го објаснил принципот и договорните односи со спонзорите не дозволуваат УЕФА да ја промени распределбата. „Пред неколку дена му го објаснив истото на еден од тренерите на тимовите кои стигнаа до финалето. Сега ќе го повторам тоа. Ми требаше подолго време бидејќи ги прегледав сите бројки. Од сите приходи од финалето, УЕФА добива 6,5%.додека 93,5% добиваат клубовите. Од сите други натпревари 100% одат за клубовите. Навивачите на двата тима добиваат по 20.000 билети. Ако спонзорите кои обезбедуваат повеќе од 100 милиони евра, од кои 93,5% одат за клубовите, добиваат билети, тоа е затоа што ние сме обврзани да го направиме тоа според договорите со нив. Ако влезниците се 10 евра нема да смени многу кај нас, но ќе смени многу за самите клубови. Навистина многу“, коментираше Чеферин.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Барди : дојдов да го исполнам сонот за ЛШ

    11/08/2022

    Анчелоти: победите не мотивираат

    11/08/2022

    „Кариоките“ не сакаат да го доиграат дуелот со Аргентина

    11/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барди : дојдов да го исполнам сонот за ЛШ
    • Атаман полека го крои составот
    • Хол се огласи на социјалните мрежи
    • Анчелоти: победите не мотивираат
    • „Кариоките“ не сакаат да го доиграат дуелот со Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.