Какви се плановите за доигрување на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа беа објавени во медиумите, со одредени датуми за реализирање на натпреварите.
Идејата е овие натпревари да се одржат во август, откако претходно ќе завршат националните првенства. Сепак, според претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александар Чеферин, постои друга опција.
„Се зависи од тоа кога ќе продолжат националните првенства. Ако тоа се случи доволно брзо, тогаш е можно средбите од Лигата на шампионите(ЛШ) и Лигата на Европа (ЛЕ) да се играат паралелно“, објасни Словенецот во интервју за „Кориере дела Сера“.

