Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин, продолжува да ги критикува челниците на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои не се откажуваат од идејата да се формира така неречена – Европската Супер лига.
„Не ми е грижа дали Реал, Барса и Јуве ќе одлучат да ги напуштат турнирите под покровителство на УЕФА“ – изјави Чеферин.
„Смешно е што сакаа да создадат нивна лига а во исто време сакаат да играат во Лигата на шампионите. Тие се обидоа да го убијат фудбалот“ – потенцираше првиот човек на УЕФА.