Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека Европскиот шампионат најверојатно нема да продолжи да се организира како што ќе би организиран во 2020 година.
„За нас е огромен предизвик и товар да се направи турнир како оној што е планиран за следната година. Постојат земји со безвизен режим и транзит, има некои што бараат визи. Имаме можен Брексит што би можело да се случи. Ќе биде многу тешко да се прават вакви ЕП како ова“, рече Чеферин.
„Од симболична гледна точка, добра е идејата – имаме натпревари на север и југ, исток и запад. Добро е, сепак ние славиме 60 години од првиот европски шампионат. Но, правењето на тоа цело време е премногу комплицирано”, заврши претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.