Претседателот на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин, по денешната посета на Грција изјави дека насилството и хулиганството не се проблем само на една земја, туку на цела Европа.
Првиот човек на УЕФА се сретна со премиерот Киријакос Мицотакис и со елитните грчки клубови. Главна тема беше насилството во Атина кое беше убиен еден домашен фан.
„Насилството и хулиганството не се проблем само на Грција, туку и на цела Европа. Мораме да го искорениме тој рак од општеството“ – потенцираше меѓу другото Чеферин.