Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не сака да го коментира за скандалот со ФК Барселона.
„Не можам да коментирам од две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија. И второ, затоа што не ја знам темата“ – вели Чеферин.
Поранешните претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел се обвинети дека на Хозе Негреира, поранешен потпретседател на шпанската судиска комисија и на неговата компанија им исплатиле вкупно 8,4 милиони евра.