Голманот на Арсенал, Петр Чех, по победата од 3:1 над Валенсија, изјави дека тоа била негова последна домашна средба во Европските натпревари.
Тој со нетрпение очекува да победат и да се пласираат во финалето, а потоа и да го освојот трофејот во Лига Европа.
„Тоа беше мојот последен домашен натпревар на европски турнири, сакав да победам и да добијам шанса да го реализирам мојот сон, да го подигнам трофејот над мојата глава во последниот натпревар во мојата кариера и тоа сеуште е остварливо“, рече Петр Чех по вчерашниот меч со Валенсија.