Голманот на Арсенал, Петар Чех, ќе има нова улога следната сезона. Чешкиот голман одамна изјави дека ќе ја заврши кариерата, а „Скај Спортс“ објави дека ќе се врати во својот поранешен клуб Челзи, но сега како спортски директор.
37-годишниот ветеран ќе ја преземе функцијата, која е испразнета од ноември 2017 година. Петар Чех играше во Челзи помеѓу 2004 и 2015 година и стана еден од легендите на клубот. На „Стемфорд Бриџ“ освоил 15 трофеи, вклучувајќи ги и 4 титули во Премиер лигата, 4 англиски купови, Лигата на Шампионите и Лига Европа.
Со Арсенал, еден од најдобрите голмани во светот во новиот век, додаде уште три трофеи во својата кариера. Чех ќе го одигра последниот натпревар во својата кариера на 29 мај, кога во финалето на Лигата на Европа во Баку ќе игра против Челзи.
По завршувањето на сезоната Петар Чех ќе почне да работи во клубот на Роман Абрамович.