Првите луѓе на Вест Хем ги одбиле понудите на Арсенал и на Манчестер Сити за фудбалерот од средниот ред, Деклан Рајс, наведуваат денеска медиумите во Англија.
Познато е дека „топчиите“ се обидуваат подолг период да дојдат до потписот на одличниот играч додека „граѓаните“ за прв пат испратиле понуда од 80 милиони фунти плус бонуси.
Сепак, челниците на „чеканите“ не сакаат да слушнат за сума помала од 100 милиони фунти.