Англискиот фудбалски состав Вест Хем ќе воведе нова платформа за само навивачите кои ќе можат да гласаат за дел од одлуките донесени од страна на тимот. Лондончани на тој начин ќе го следат примерот на францускиот Пари Сен Жермен и италијанскиот Јувентус, кои имаат таков начин на соработка со фановите.
Преку платформата –„ Socios.com“ навивачите ќе имаат можност да учествуваат во гласањето за дел од одлуките кои се поврзани со иднината на Вест Хем. Клубот од источен Лондон одлучи да ги консултира навивачите околу видот и бојата на третиот дрес.
„Современата платформа ќе ни овозможи континуирано да бидеме во контакт со публиката. Таа стратегија е значајна за нашата заедничка иднина” – искоментира Карим Вирани кој е еден од директорите во Вест Хем.