Фудбалерот на Сасуоло, Џанлука Скамара, има реални шанси да се пресели во редовите на Вест Хем и за прв пат во кариерата да заигра во Премиер-лигата, најавија медиумите во Италија.
Според нив,Сасуоло добил понуда од 36 милиони евра плус шест во бонуси а италијанскиот клуб ќе добие и дополнително 10% од наредниот трансфер на Италијанецот.
Ќе потсетиме дека за напаѓачот беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но, не испрати понуда.

