Челниците на фудбалскито состав Вест Хем ќе направат обид да го ангажираат голгетерот на Јувентус, Мари Манџукиќ, кој не влезе на списокот на тренерот, Мауро Сари, за претстојната сезона во Лигата на шампионите.
Според вестите од Англија, репрезентативецот на Хрватска кој има понуди и од Катар, најверојатно во зимскиот трансфер период ќе го напушти клубот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, за услугите на корпулентниот напаѓач сериозно се заинтересирани луѓето од Вест Хем кои прво ќе се обидат да го доведат Манџукиќ на позајмица а потоа на крајот на сезоната ќе одлучат дали ќе му го откупат договорот.