37-годишниот полски фудбалски интернационалец, Лукаш Фабијански, заработи потешка повреда на лицето и ќе мора да паузира извесен период, потврди менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс.
Тоа значи дека англискиот состав кој се бори грчевито за опстанок во Премиер-лигата, остана без стандардниот голман.
„Тој има скршена коска под окото. Во моментов не знаеме сосема дали ќе има операција или дали ќе заздрави без интервенција“ – изјави менаџерот Мојс пред утрешниот натпревар со Манчестер Јунајтед од петтото коло во ФА Купот.