Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нунез, би можел да се пресели во Вест Хем доколку португалскиот состав до крајот на денов ја прифати понудата од лондонскиот клуб во висина од 50 милиони евра.
Фудбалерот кој потекнува од Јужна Америка, во тековнава сезона одигра 16 натпревари со ефект од 15 голови и 2 асистенции.
22-годишниот Уругваец е најдобар стрелец во шампионатот на Португалија.