Голема е веројатноста дека фудбалерот на Вест Хем, Курт Зума, нема да биде под истрага од британските власти за злоупотреба на неговата мачка но, тоа не значи дека ќе се извлече без казна.
Според законите на Франција секој нејзин државјанин може да биде обвинет за кривични дела дури и ако се извршени во странство.Токму на овој член 131 (ст. 6) од Кривичниот законик се повикува и најголемата групација за заштита на правата на животните во Франција – „Фондацијата 30 милиони пријатели“.
Нејзините адвокатите побараа од обвинителите од Париз да поднесат пријава против Зума. По снимката на социјалните мрежи, се очекува играчот да биде на некој начин санкциониран и од страна на англискиот клуб.