Сопственикот на Бреша, Масимо Челино, откри дека состојбата во клубот се влошува бидејќи неколку од фудбалерите се вратиле од одморот заразени со Ковид-19. Вездата на тимот Сандро Тонали е во карантин откако стапил во контакт со заразените играчи.
„Ситуацијата е полоша од порано. Видовме во последните месеци колку може да ја ограничите штетата доколку не постапувате глупаво” – рече Челино.
„Играчите се вратија заразени откако биле во дискотека. Имаме случај со позитивен тест. Тонали исто така е во изолација. Тој не е заразен, но имал контакти со заразени играчи” – додаде првиот човек на Бреша.