Црното сценарио поврзано со пандемијата на корона-вирусот во Италија, го натера првиот човек на фудбалскиот тим Бреша, Масимо Челино, да излезе со негово видување околу продолжувањето на сезоната.
„Треба да бидеме луди за да ја продолжиме сезоната. Мислам дека нема шанси за такво нешто. Купот на Италија, Скудетото, ако ги сака претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, дајте му ги. Како може да зборуваме за титула во Серија „А“ кога имаме пандемија? –рече првиот човек на Бреша.
Претседателот на Бреша, Челино, тврди дека сезоната е завршена и дека нема логика да се игра фудбал