Фудбалерите на Лестер денеска ги чека значаен меч во трката за опстанок во Премиер-лигата. Тие од 21.00 часот ќе излезат на мегдан со Ливерпул кој пак, се бори за место во Лигата на шампионите.
Првите луѓе на „лисиците“ свесни дека се намалени шансите за опстанок, најавија радикални мерки. Прво, нема да биде реализирана традиционалната вечера на која играчите добиваа подароци и второ, нивните плати ќе бидат преполовени доколку во наредната сезона играат во Чемпионшип конкуренцијата.
Сензационалниот освојувач на Премиер-лигата од 2016 година до крајот на сезоната ќе треба да одигра со Њукасл и со Вест Хем.