Денеска започна судскиот процес против 11 италијански клубови поради зголемување на капиталната добивка од трансферите на фудбалери.
Меѓу тимовите се Јувентус и Наполи. Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација побарал остри казни за челниците на сите клубови кои се под истрага. Другите 9 тимови се: Сампдорија, Џенова и Емполи од Серија А, Пиза и Парма од Серија Б, Про Верчели и Пескара од Серија Ц и банкротираните Киево и Новара.
За нивните лидери се бараат казни од 6 до 10 месеци и парични од 3.000 до 338.000 евра.