Тренерот на фудбалерите на Рома, Даниеле Де Роси ќе го продолжи договорот со клубот до 2027 година.
Се очекува „волчицата“ тоа да го потврди во наредните денови. 40-годишниот специјалист го презеде кормилото во јануари по заминувањето на Жозе Мурињо.
Рома на крајот на сезоната во Серија „А“ го освои 6 место.

