Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Сити соочени со казната од УЕФА поради непочитување на финансискиот фер-плеј, веднаш организирале средба со играчите.
УЕФА пред два дена ги суспендираше „граѓаните“ за наредните две години од Лигата на шампиони и ги казни парично со 30 милиони евра. Медиумите на Островот објавија дека со фудбалерите разговарал извршниот директор, Феран Сориано, кој објаснил дека клубот ќе се бори за поништување на казната.
Според одредени информации, Манчестер Сити може да биде исфрлен дури во четвртата лига и да остане без титулата од 2014 година.