Челзи бара купувач за играчот од средниот ред Тиемуе Бакајоко. На „Стемфорд Бриџ“ сакаат да вратат барем дел од 40 милиони фунти што ги платиле на Монако во 2017 година за овој играч, пренесува „Франс Фудбал“.
25-годишниот играч од средниот ред не се снајде најдобро во Челзи и беше испратен една сезона на позајмица во Милан, но тој не блескаше со неговите настапи таму. За време на оваа сезона тој се врати во Монако, но повторно не е на посакуваното ниво, постигна 1 гол и 2 асистенции на 23 одиграни натпревари.
Бакајоко има договор со Челзи до 2022 година, но се чини дека тој не е во плановите на Френк Лампард. Менаџерот ќе биде целосно среќен ако Французинот биде продаден за да може да влезат свежи пари во касата на клубот. Добра вест за лондончаните е тоа што Севиља има интерес за играчот од средниот ред.