Денешниот ден е исклучително важен за иднината на Пјер-Емерик Обамејанг. Според информациите во Шпанија се зголемува веројатноста за трансфер на интернационалецот од Габон од Барселона во Челзи.
Секоја од страните е веќе наклонета кон таков договор. Самиот напаѓач, за кој се зборуваше дека сака да остане во Барселона по секоја цена, исто така е отворен за враќање во Премиер лигата. Сепак, Обамејанг ја отфрли можноста за трансфер во Манчестер Јунајтед и е склон да преговара само со Челзи, а главната причина за тоа е што „црвените ѓаволи“ нема да играат во Лигата на шампионите.
Се очекува денеска Челзи да ја испратат првата официјална понуда. Досега имало само усна понуда од 14 милиони евра. Пред два дена Фабрицио Романо објави дека Барселона бара 30 милиони за Габонецот, но тешко дека ќе дојде до таква сума.
Денеска е закажан и состанок на кој ќе се разговара за личните услови на поранешниот капитен на Арсенал.