Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, објави дека играчот од средниот ред Кол Палмер нема да биде во тимот за натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите против Аталанта вечерва во Бергамо.
„Тоа е дел од реалноста во моментов. Тој не може да игра два натпревари за три дена, па затоа одлучивме дека нема да игра против Аталанта. Тоа е начин да го заштитиме“, рече Мареска.
Во последниот натпревар на Челзи во Премиер лигата против Борнмут (0-0), Палмер се појави во почетниот состав и одигра 58 минути пред да биде заменет. Тој подолго време беше надвор од терените поради повреда.

