Челзи е фаворит за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, според последните информации на медиумите во Англија.
„Граѓаните“ веќе објавија дека ветеранот ќе го напушти „Етихад“ на лето и веднаш се формираше список на клубови заинтересирани за потписот на Аргентинецот. Во оваа фаза, сепак од „Стемфорд Бриџ“ се чекор пред своите конкуренти.
32-годишникот сака да остане во Англија. Освен Челзи, за него се заинтересирани уште два клуба од Премиер лигата – Тотенхем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа, од овие три клуба, Агуеро повеќе би сакал да оди кај „сините“. Покрај тоа, Томас Тухел не крие дека би бил среќен да работи со Агуеро и ќе стори се што е во негова моќ да го донесе во неговиот тим.
Сепак, напаѓачот не брза да донесе конечна одлука и ќе ги разгледа сите понуди што ќе ги добие. За него се заинтересирани и Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус. Агуеро помина точно 10 сезони на „Етихад“ откако беше ангажиран од Атлетико Мадрид во 2011 година. За тоа време тој има 385 натпревари и 257 погодоци за оваа екипа.

