Германскиот напаѓач на Челзи, Тимо Вернер, може да биде продаден или позајмен во летниот преоден рок, објави „Скај Германија“.
Лондончани се подготвени да се ослободат од Тимо Вернер за да го финансираат трансферот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Вернер е интересен за неколку врвни европски клубови. Тимо Вернер се приклучи на Челзи во јули 2020 година. Сините му платија на РБ Лајпциг 53 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот одигра 52 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања, постигна 12 погодоци и 15 асистенции.
Претходно беше објавено дека сопственикот на Челзи Роман Абрамович одвои 175 милиони евра за купување на Халанд. Ако зделката се реализира, трансферот на 20-годишниот Норвежанец ќе биде втор најскап трансфер во историјата на фудбалот.