Лондонски Челзи на својата официјална веб-страница го објави трансферот во тимот на англискиот играч за врска Кол Палмер, кој претходно настапуваше за Манчестер Сити.
Играчот од средниот ред потпиша седумгодишен договор со „сините“, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.
„Тој го покажа својот талент и потенцијал во најтешките ситуации и ја претставуваше Англија на Европското првенство за играчи до 21 година ова лето. Тој е непобитно подготвен за следниот чекор и ние сме среќни што ќе го имаме во Челзи“, објавија од Челзи.
Палмер (21) потекнува од академијата на Манчестер Сити. Сезонава успеа да одигра три натпревари за „граѓаните“ на кои постигна два гола.
Претходно новинарот Фабрицио Романо објави дека лондончани ќе им платат на „граѓаните“ за офанзивниот играч за врска околу 46 милиони евра, а уште 6 милиони ќе бидат обезбедени како бонуси.