Лондонски Челзи на својата официјална веб-страница го објави трансферот на шпанскиот голман Роберт Санчез, кој минатата сезона настапуваше за Брајтон. 25-годишниот голман има седумгодишен договор со Челзи. Наскоро Санчез треба да се приклучи на првиот тим на „сините“.
„Многу сме задоволни што му посакавме добредојде на Роберт во Челзи. Тој ќе додаде квалитет на нашата голманска позиција. Роберт во неколку наврати се покажа во Премиер лигата и доби признание во националниот тим. Воодушевени сме што тој ќе работи со Маурицио и неговиот стручен штаб во претстојната сезона“, изјавија спортските директори на Челзи, Пол Винстанли и Лоренс Стјуарт.
Санчез минатата сезона прими 30 гола на 25 натпревари и осум пати ја одржуваше мрежата чиста.