Новиот фудбалски шампион на Европа, екипата на Челзи по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите се одлучи веднаш да ја продолжи соработката со тренерот Томас Тухел.
Германскиот тренер ја продолжи соработката со лондонскиот клуб до 2024 година. Тоа беше потврдено на официјалната страница на клубот од Лондон.
Веднаш почнаа и шпекулации околу тимот со кој што ќе располага Томас Тухел наредната сезона. Планот е да се направи одреден ремонт и да се зголеми конкуренцијата, со цел да се направи напад на трофејот во Премиер лигата.
Ретко кој веруваше дека по промената на тренерската позиција на средна од сезоната , челиз ќе стигне до ваков успех, но тоа му успеа на Томас Тухел кој токму поради тоа доби продолжување на договорот.

