Челзи во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар. Не е тајна дека сопственикот на „сините“ Роман Абрамович сака да го врати Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“.
Клубот дури подготвува понуда за него, а идејата е првично да го позајми со опција за откуп, пренесуваат медиумите на Островот. Азар најдобрите години во кариерата ги помина во Челзи, каде остана седум сезони, во кои одигра 352 натпревари и постигна 110 гола за клубот.
Во 2019 година, сепак, тој беше продаден на Реал Мадрид за 115 милиони евра. Сепак, 30-годишниот фудбалер го мачат повреди уште откако дојде на „Сантијаго Бернабеу“ и никогаш досега не можеше да го покаже најдоброто од себе. Ова е причината поради која Реал Мадрид сака да се ослободи од него, а во оваа фаза се чини дека најверојатно ќе се врати во Челзи.
Наскоро се очекува двата клуба да започнат преговори и како што стојат работите зделката изгледа сосема веројатна бидејќи ќе биде во интерес на сите страни.