Челзи постигна договор со Брајтон за трансфер на играчот од средниот ред Мојсес Каиседо. Сите детали се веќе договорени, а самиот договор ќе биде нов рекорд за британскиот фудбал.
„Сините“ ќе ја платат сумата од 115 милиони фунти (146 милиони евра) од кои нето сума ќе бидат 100 милиони фунти, а останатите 15 ќе бидат во форма на разни бонуси.
21-годишниот репрезентативец на Еквадор ќе ги помине медицинските прегледи денеска пред да потпише осумгодишен договор до 2031 година, со опција за продолжување на уште 12 месеци. Така, Челзи ја доби битката со Ливерпул за потписот на Каиседо.