Лондонските ривали Челзи и Арсенал би можеле уште еднаш да бидат противници на трансфер пазарот. Двата клуба го свртеа вниманието кон дефанзивецот на Баерн (Минхен), Жером Боатенг, пишуваат медиумите на Островот.
31-годишниот централен дефанзивец има договор со Баерн уште една сезона. Сепак, тој не доби многу шанси да настапи во последните години на „Алијанц арена“ и често беше поврзуван со трансфер, и не би било изненадување ако во лето побара нов предизвик.
По назначувањето на Ханзи Флик за тренер на Баерн Минхен, Боатенг започна да добива шанса да настапува почесто. Оваа сезона тој има 25 натпревари во сите натпреварувања за Баварците и ја врати својата добра форма.