Челзи и Атлетико Мадрид се клубовите кои се заинтересирани за напаѓачот на Милан – Сусо и ништо чудно да упатат понуди за неговото привлекување во јануарскиот преоден рок, тврдат медиумите на Островот.
Шпанецот се претставува исклучително добро во дресот на „росонерите” и оваа сезона има одиграно 9 натпревари , а на нив постигнато 3 погодоци за гигантот од Милано, а за негово заминување се шпекулираше уште во текот на летото.
Сусо има искуство на Островот, откако пред неколку години играше без успех во Ливерпул, бидејќи не му беше дадена шанса за докажување, но „сините” од Лондон можат да го вратат во Премиер лигата.
Сè уште не е јасно која цена „росонерите“ ќе ја прифатат за да се разделат со нивниот фудбалер.