Трансферот кој многу се очекуваше во текот на последниот ден од преодниот рок, Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи е веќе завршена работа и се очекува потврда од клубовите.
Лондонскиот клуб постигнал договор со Бенфика за трансферот на 22-годишниот Аргентинец, тврди новинарот Фабрицио Романо. Клубовите се обидуваа да ја завршат документацијата пред да се затвори преодниот рок.
Претходно беше објавено дека лондончани се подготвени да понудат повеќе од 130,5 милиони евра за играчот. Енцо Фернандез игра за Бенфика од јули 2022 година. Оваа сезона тој постигна четири гола и имаше седум асистенции на 29 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Фернандез синоќа ги помина лекарските прегледи во Португалија и се чекаше комплетирање на документацијата за трансферот да биде завршен.
Според првичните информации договорот на Енцо Фернандез со челзи ќе биде со траење до 2031 година.